Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ доби уште едно индивидуално признание за своите настапи во дресот на Универзитетот Стони Брук во НЦАА.
Вторпат од почетокот на годината, тој е прогласен за дебитант на неделата во неговата конференција (Coastal Athletic Association), а сето тоа како награди за извонредните изданија. На двата натпревара минатата недела, Шошкиќ просечно постигннуваше по 18 поени со шут од игра од 55% и 66,7% за тројка. Освен тоа, остваруваше по 6 скока, 4,5 асистенции и 2 украдени топки.
Andrej Shoshkikj secures his second CAA Rookie of the Week award‼️
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/Vl6rZv9ix0
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 2, 2026
Благодарение на игрите на Шошкиќ, Стони Брук е во серија од пет победи, првпат во историјата на универзитетот и атакува на првото место во својата конференција.


