Од денеска до петок, на програмата е 14. коло од македонската кошаркарска Суперлига, прво вонредно оваа сезона.
Поради одложените два круга во јануари, еден од нив ќе се игра во средина на неделава при што пет натпревари се на програмата денеска, а еден в петок. Дербито е во Кавадарци, каде ќе се судрат поранешните шампиони Тиквеш и Работнички, сега во сосема друго расположение, како аутсајдери и во битка за избегнување на местата кои водат во понизок ранг.
Двата тима имаат биланс 5/8 со тоа што Работнички во вториот дел од првенството нема победа откако доживеа два минимални порази, од Пелистер во Битола и од ТФТ на домашен терен. Се очекува денеска да дебитираат новите засилувања Александар Костоски и Младен Грушановиќ со што ќе се зголеми ротацијата и тренерот Владимир Мирковски ќе може да исполни некои свои замисли.
Интересно е тоа што дури три од шесте натпревари ќе се играат во салата во Основното училиште „Наум Наумоски Борче“ во Маџари. Еден од нив е дуелот меѓу ТФТ и Чаир кој ќе го затвори 14. коло, в петок напладне.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА 14. КОЛО
04.02.2026
17:00 Феникс – МКК Куманово
18:00 Гостивар – Кожув
18:00 МЗТ Скопје – Ангели
18:00 Тиквеш – Работнички
20:30 Маџари – Пелистер
06.02.2026
12:00 ТФТ – Чаир


