Организаторот на завршниот турнир од Купот на Македонија денеска го утврди распоредот на натпреварите од четвртфиналето.
Турнирот ќе се одржи од 13 до 15 февруари во Куманово, а на првиот ден, на програмата се четвртфиналните натпревари. Програмата ја отвора лидерот ТФТ во дуел со градскиот ривал Феникс, а потоа е „вечното“ дерби, меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Тој меч ќе се одигра во непопуларен термин, од 14:30 часот што би можело да влијае и на посетата.
Во вечерните термини се среќаваат Кожув и Маџари, како и дуелот на домаќинот МКК Куманово и Пелистер кој треба да биде шлаг на денот и да привлече големо внимание.
Следниот ден се полуфиналните натпревари, а големото финале е на програмата на 15 февруари од 19 часот.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2026 – КУМАНОВО
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
- ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)
17.00: Кожув – Маџари (3)
19.30: Пелистер – МКК Куманово (4) - ФЕВРУАРИ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3 - ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
19.00: Финале


