Поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер продолжува со својот ремонт на екипата.
Денеска битолскиот клуб го официјализира седмото засилување, а втор младински репрезентативец на Македонија. Станува збор за крилниот центар Бојан Димитриев, кој настапи на неодамнешното Европското првенство Б-дивизија во Словачка.
Димитриев е „дете“ на Водно Санс, ги помина сите младински селекции на Македонија, а сезонава ќе дебитира во елитната конкуренција во земјава. Се одликува со голема борбеност и јасно е дека Пелистер во него ќе има значаен играч, особено во одбранбениот дел.
Пред Димитриев, Пелистер се засили и со Коста Ќириловски кој е исто така младински репрезентативец на Македонија, како и со Виктор Златевски, Иван Сапунџиев, Благој Димитриев, Алонзо Денинг и Кемрон Мекдауел.


