Откако пред две недели оствари трипл дабл против Патриот, кошаркарката на Баскет Кам, Сања Адамовска денеска влезе во историјата на македонската кошарка како прва воопшто која имала два вакви натпревари во една сезона.
На мечот против МЗТ Скопје, таа постигна 15 поени, 13 скока и 13 асистенции, за индекс 32. Адамовска игра фантастично оваа сезона и е најзаслужна што нејзиниот тим се наоѓа при врвот на табелата во Првата женска лига.
Баскет Кам триумфираше против МЗТ Скопје со 64-45 и го задржа чекорот со Крива Паланка и Вардар со кои го дели првото место.


