Апсолутно заслужено, крилниот играч на МЗТ Скопје, Андреј Маслинко е прогласен за МВП на финалниот турнир од Купот на Македонија.
На два од трите натпревари кои ги одигра МЗТ Скопје во Гевгелија, Маслинко беше најдобар стрелец, а особено блескаше во полуфиналето против Пелистер, постигнувајќи 29 поени. Денеска заврши со 17 поени, еден повеќе од неговиот соиграч Бојан Крстевски.
Ова е трет трофеј за Маслинко во Купот на Македонија и прво признание за најкорисен играч на турнирот.


