Откако вчера постигна договор со репрезентативецот Рубин Стефанов, раководството на Ангели денеска донесе уште едно големо засилување кое треба да помогне во борбата за опстанок во елитната конкуренција.
Нов член на „фенерџијата“ е досегашниот кошаркар на МЗТ Скопје, 19-годишниот Бојан Величковски кој е во потрага по поголема минутажа. Младинскиот репрезентативец на Македонија сезонава одигра пет меча во дресот на МЗТ Скопје, без посериозен ефект, а се очекува својот потенцијал да го покаже во новиот клуб каде претежно играат млади кошаркари, но и кој се засили со уште тројца странци и во „пролетниот“ дел од сезоната ќе се обиде да се спаси од испаѓање.
Величковски е втор кошаркар кој зимава си замина од МЗТ Скопје, по Оливер Двојаковски кој се пресели во градскиот ривал Маџари.


