Кожув успеа да го израмни својот најголем успех во Купот на Македонија, но како и пред 10 години, застана на последната пречка и пропушти да го освои првиот трофеј.
Подобар беше МЗТ Скопје кој во финалето заслужено славеше и ја круниса одличната игра на целиот турнир. Тренерот Апостоли Апостолов во својата втора сезона на клупата го однесе тимот до завршницата што секако е огромен успех за тимот од Гевгелија.
„На овој турнир игравме со само двајца комплетно здрави играчи и сепак стигнавме до финалето од Купот. Пласманот во финалето за нас е огромен успех и да имавме поголем ростер, ќе се боревме до крајот во денешното финале. МЗТ победи само поради тоа што имаше поголем ростер“, рече тренерот на Кожув.


