Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов денеска објави поширок список од 16 кошаркарки за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2027 година.
На 12, 15 и 18 ноември, нашиот национален тим игра против Данска и Грција на домашен терен и Хрватска на гости, а Ашаданов за почеток ќе смета на 16 кошаркарки. Интересно е тоа што половина од нив, осум, играат во странски клубови и тоа во Шпанија, Швајцарција, Грција, Италија, Унгарија и Србија. Останатите осум се од домашното првенство.
Подготовките за трите натпревари ќе почнат на 10 ноември во 19 часот во Кале каде што и ќе ги пречекаме Данска и Грција.
СПИСОК НА КОШАРКАРКИ
1.Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург-Швајцарија)
2.Илина Селцова (Серко Уни Ѓер-Унгарија)
3.Мерит Хемпе (Сарагоса-Шпанија)
4.Александра Стојановска (Неа Јониа-Грција)
5.Матеа Николиќ (Баскет Алкамо – Италија)
6.Тијана Митрева (Баскет Алкамо – Италија)
7. Милица Николиќ (Рас-Србија)
8. Ања Начевска (Мега-Србија)
9. Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011)
10.Цветанка Димова (Баскет Кам 2011)
11.Михаела Алексовска (Крива Паланка)
12.Мартина Маркоска (Бадел 1862)
13.Ива Чолакоска (Бадел 1862)
14.Марија Николов (Бадел 1862)
15.Елена Тасевска (Вардар)
16.Јана Пислевска (Вардар)
Селектор: Александар Ашаданов


