Големото дерби на македонската кошарка меѓу МЗТ Скопје и Работнички предизвика голем интерес кај љубителите на овој спорт и трибините на „Јане Сандански“ беа солидно исполнети.
Меѓу гледачите беше и аспирантот за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски кој по последното собрание на КФМ излезе во јавноста и го потврди она што се зборува уште од минатото лето – дека има намера да го заамени Перо Антиќ.
Интересно е тоа што Ѓуроски е поранешен играч и на Работнички и на МЗТ Скопје, а во моментов член на клубот од Градски парк е неговиот брат Стојан кој е и македонски репрезентативец. Дербито кое го проследи донесе многу возбудувања, интересна борба на теренот, но прекин и неспортско однесување на навивачите што секако би бил еден од проблемите со кои ќе се соочи ако во иднина ја добие довербата и стане предводник на македонската кошарка.


