МЗТ Скопје е на прагот на уште еден трофеј во македонската кошарка и ако се суди по првите два меча од Купот на Македонија, тоа апсолутно го заслужува.
На двата меча, против исклучително квалитетни екипи, аеродромци постигна вкупно 200 поени и стигна до финалето со вкупна 49 разлика. Тренерот Васко Атанасов е полн со комплименти за своите кошаркари и очекува исто темпо и во финалето во кое ќе игра против Кожув или Гостивар.
„Освен првите три минути, го контролиравме остатокот од натпреварот, влеговме во посакуваниот ритам и заслужено победивме. Сепак, веќе го забораваме денешниот натпревар и веќе размислуваме за утрешното финале. Игравме два меча во исклучително висок ритам и јас сум задоволен од екипата“, рече Атанасов.


