Шпанскиот стручњак Жосеп Марија Берокал е вкупно 16. селектор на македонската репрезентација од осамостојувањето на земјава или од формирањето на националниот кошаркарски тим.
Денеска Федерацијата објави дека е постигнат договор со него и тој ќе ја води репрезентацијата во претстојните натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Берокал доаѓа на местото на Марјан Илиевски кој минатата недела поднесе оставка, половина година откако беше назначен за селектор.
За 55-годишниот стручњак ова ќе биде селекторско искуство во кариерата, а досега најмногу време поминал во Барселона каде бил асистент од 2002 до 2010 година, учествувајќи притоа во освојувањето на двете титули на каталонскиот тим во Евролигата. Од 2003 до 2005 година во Барселона работеше со Владо Илиевски кој минатата недела беше назначен за координатор на сите репрезентации, па не е тешко да се заклучи каква е конекцијата кога станува збор за изборот на селектор.
Берокал ќе остане запишан како шести странец селектор на Македонија, по Јовица Арсиќ, Алеш Пипан, Александар Ѓикиќ, Драган Раца и Драган Бајиќ. Интересно е тоа што тој ќе биде прв стручњак што ќе го води националниот тим, а не потекнува од поранешна Југославија, односно од државите што произлегоа од неа. Од странците, тројца досега беа Срби, еден од БиХ и еден Словенец.


