Екипата на Чаир ја оствари четвртата победа во последните пет меча на домашен терен откако вечерва, по голема борба го совлада Тиквеш со 77-76.
Иако водеше и со 13 разлика во текот на мечот, домашниот тим дури во финишот успеа да го обезбеди триумфот. Упорноста им се исплатеше на кошаркарите на Тиквеш кои на минута пред крајот преку Бошалески поведоа со 74-72.
На сцена стапи Ибраими кој излезе херој на Чаир. Прво погоди тројка, а на 11 секунди пред крајот го постигна и победничкиот кош за својот тим. Кавадарчани потоа не успеаја да ја уфрлат топката во поле за пет секунди, но Стардивант промаши две слободни фрлања и им остави шанса, сепак, да стигнат до победа. Хоукинс со истекот на времето се обиде за тројка, ама неговиот шут не беше прецизен и Чаир ја однесе победата.
Билингсли со 24 поени и 14 скока беше најдобар играч во победничкиот тим. Кај Тиквеш најефикасен беше Минси со 20 поени, но се истакна и Глигоријевиќ со дабл дабл од 10 поени и 18 скока.


