Екипата што претходните две сезони беше едно од изненадувањата во првенството, оваа кампања ја почна под очекувањата.
По шест одиграни натпревари, Чаир е единствен без победа и на последното место на табелата. Во клубот секако не се задоволни од таквиот ефект и планираат лошата серија да ја прекинат веќе вечерва, на дуелот против Гостивар на домашен терен.
За таа цел се ангажирани двајца нови странци, српскиот интернационалец Хамза Аличковиќ и Американецот, Кајл Стардивант. Аличковиќ е висок 210 сантиметри, игра на центарската позиција, а доаѓа од Нови Пазар каде ја почна оваа сезона. Стардивант е плејмејкер, а настапувал во НЦАА лигата, за Универзитетот Џорџија Тек. Од екипата си замина Брендон Бетсон кој не ги оправда очекувањата на стручниот штаб.
Двајцата нови кошаркари ќе бидат во комбинација за вечерашниот натпревар против Гостивар кој се игра од 19 часот.


