Најтрофејниот руски тим ЦСКА е освојувач на ВТБ Суперкупот кој вчера и денеска се одржа во Белград откако во финалето го совлада Зенит со 96-79.
Московската екипа е и актуелен освојувач на титулата во ВТБ лигата, а Зенит вечерва не успеа да ја загрози во ниеден момент. Не само што ЦСКА беше во водство во текот на целиот натпревар, туку во последната четвртина имаше предност од 26 поени (96-70) пред Зенит да постигне девет поени по ред и да го ублажи поразот.
Ненад Димитријевиќ повторно не успеа да го освои трофејот во ВТБ Суперкупот, а вечерва за 26 минути во игра постигна седум поени, сите во последната четвртина.


