Капитенот на МЗТ Скопје одамна е легенда на македонската кошарка, но со секоја нова сезона поставува стандарди кои тешко дека некој ќе успее да ги достигне во блиска иднина.
Денеска Дамјан Стојановски ја освои десеттата шампионска титула во македонското кошаркарско првенство и стана прв играч со двоцифрен број трофеи во шампионатот и во Купот на Македонија. Во двете натпреварувања има по 10 пехари, подвиг кој не му успеал на ниеден македонски кошаркар во историјата.
За разлика од првенството, каде сите титули ги освои со МЗТ Скопје, во Купот на Македонија има по еден трофеј со Вардар и Амак СП, додека останатите осум се со тимот од Аеродром.


