Од денеска до недела, на програмата е последното, 11. коло од првиот круг во македонското кошаркарско првенство кое носи неколку интересни натпревари, но и ќе го даде распоредот во Купот на Македонија.
Досега се познати седум учесници со тоа што ТФТ сигурно ќе ја има првата стартна позиција затоа што никој не може да го стигне, без разлика на исходот на натпреварите во претстојното коло. Останува уште едно празно место, а за него се борат дури три екипи – Гостивар, Еуро Никел и Шкупи кои се на делба од осмата до десеттата позиција со 13 бода.
Дербито на колото се игра утре во Битола, во невообичаен термин, од 12 часот, а се среќаваат Пелистер и ТФТ. Интересно е тоа што дури четири екипи се на делба на втората позиција и детали ќе одлучуваат кој ќе влезе како второпласиран во Купот.
Ново коло почнува денеска во 13 часот во Куманово каде МКК ќе го пречека единствениот тим без победа во елитната конкуренција – Вардар.
ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО
20.12 МКК Куманово – Вардар 13:00
21.12 Пелистер – ТФТ 12:00
21.12 Кожув – Работнички 17:00
22.12 Гостивар – Чаир 17:00
22.12 Тиквеш – МЗТ Скопје 18:00
22.12 Феникс – Шкупи 19:00


