Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ денеска ќе го забележи своето официјално деби во дресот на Зенит.
Откако во текот на летото ја напушти Олимпија Милано и се врати во ВТБ лигата, 27-годишниот плејмејкер ќе учествува на Суперкупот кој првпат се одржува надвор од Русија и тоа во Белград. Од руските клубови ќе учествуваат само Зенит и шампионот ЦСКА, а гости се дебитантот во Евролигата, Дубаи и Црвена Звезда.
Во полуфиналето, денеска од 19 часот, Зенит ќе се сретне со Дубаи, додека од 16 играат ЦСКА и Звезда. Димитријевиќ нема трофеј во ВТБ Суперкупот, но има од истото натпреварување во Италија минатата сезона каде беше прогласен и за МВП на турнирот.


