Еден од најдобрите центри во лигата, Роберт Рикиќ и официјално останува во редовите на Работнички и во вториот дел од сезоната.
Хрватскиот интернационалец првично имаше договор на три месеци, но поради одличните настапи и големиот придонес на теренот, раководството на клубот одлучи да го продолжи до крајот на тековната, како и на следната сезона. Со просек од 13,8 поени и 9,8 скока и индекс 24,3, Рикиќ е најдобите играчи во тимот на Владимир Мирковски и се очекува да биде меѓу носителите во краткиот ростер на Работнички.

Поранешниот шампион полека го гради костурот и за иднината. Стручниот штаб, како и поголем дел од кошаркарите, се врзани со двегодишни договори, што најавува стабилност и континуитет во работата.
Враќањето во сопствената сала по подолг период означува почеток на нова ера за тимот од Градски парк, предводен од еден од најперспективните македонски тренери.


