Поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија, првпат по 2016 година.
Гевгеличани, кои се домаќини на завршниот турнир, вечерва убедливо го совладаа МКК Куманово со 81-69 и утре против Гостивар ќе се обидат да дојдат до првото второто финале во клупската историја и прво по точно една деценија.
Кожув беше инфериорен само во првите две минути од денешниот меч во кои МКК Куманово отвори со 6-0. Одговорот стигна со серија од 14-0 за преземање на водството кое домаќините потоа не го испуштија до крајот. Во 15. минута првпат имаа двоцифрена предност (32-22), на полувреме беше 42-29, а во третата четвртина Кожув ја достигна највисоката разлика, од +22 која МКК Куманово не успеа да ја загрози до крајот на натпреварот.
Стевановсиќ со 23 поени беше најефикасен во гевгелискиот тим, Вилсон додаде 18, а Пилепиќ 15. Радукиќ и Тадиќ беа единствените расположени играчи кај МКК Куманово, секако недоволно за победа на овој тим.


