НБА ѕвездата Пол Џорџ е суспендиран на 25 натпревари поради употреба на нелегални супстанции, објавија американските медиуми.
Откако беше објаснето дека Џорџ ја прекршил „политиката против дрога“, сè уште нема информации за што точно станува збор, но непотврдени шпекулации велат дека станува збор за употреба на хероин… Веста доаѓа во период кога поранешниот деветкратен Ол-стар конечно почна да игра добро во континуиетет, оставајќи ги зад себе сите проблеми со повредите.
„Со години зборував за важноста на менталното здравје, а неодамна побарав третман за лични проблеми. Зедов погрешни лекови и направив голема грешка. Преземам целосна одговорност за моите постапки и им се извинувам на организацијата на Сиксерс, на моите соиграчи и навивачите за моите лоши избори. Мојот фокус сега е да го искористам следниот период за да го доведам моето тело во најдобра состојба за периодот откако ќе се вратам на теренот“, рече Џорџ.
Суспензијата на Пол Џорџ започна со натпреварот против Њу Орлеанс синоќа и ќе биде на сила до мечот против Оклахома на 24 март. Сето ова ќе го чини Џорџ огромни 11.700.000 долари! Тоа ќе биде одземено од неговата годишна плата, која требаше да биде 51.700.000 долари за оваа сезона. Тоа значи дека секој пропуштен натпревар ќе го чини близу 470.000 долари.
Филаделфија влегува во сезоната со резултат од 26/21. Со Џорџ во составот, тимот има 16/11, додека без него имаат резултат од 10-10. Пол Џорџ има просек од 16 поени во 27 натпревари оваа сезона и е трет најдобар стрелец во тимот, зад Тајрис Макси со 29,4 поени и Жоел Ембид со 25,7 поени.


