Кошркарскиот клуб Феникс се приклучува на хуманата мисија во која последните денови учествуваа неколку македонски спортски колективи.
Утре од 13 часот во „Јане Сандански“, Феникс ќе се сретне со актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, а дуелот ќе биде од хуманитарен карактер. Клубот објави декка сите средства собрани на натпреварот ќе бидат донирани за жртвите од трагедијата во Кочани.
Со мечот меѓу Феникс и МЗТ Скопје официјално ќе почне 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига, претпоследно од основниот дел на првенството.


