Откако вчера почна, денеска и утре ќе се доигра 22. коло од Првата македонска кошаркарска лига, последно пред почетокот на нокаут фазата.
Во него има две пресметки кои директно одлучуваат за изгледот на табелата и пред се за тоа кој ќе го освои второто место. ТФТ во дербито на колото го пречекува вицешампионот Пелистер, додека Работнички игра против финалистот во Купот, Кожув.
Со победа, ТФТ сигурно ќе биде втор и ќе ги оттргне сите дилеми, но ако загуби, тимот од Тафталиџе најверојатно ќе заврши на петтата позиција и покрај тоа што во еден период беше првопласиран. ТФТ против Пелистер игра денеска, но се ќе се знае утре, кога ќе се сретнат Работнички и Кожув во Кисела Вода.
По натпреварите од ова коло ќе се знае и кои екипи продолжѕваат во плејаутот. Тиквеш во најтешка позиција, во однос на Чаир и Феникс бидејќи се наоѓа на деветтото место, а денеска напладне му гостува на шампионот МЗТ Скопје
ДВОЈКИ ЗА 22. КОЛО
ВЧЕРА
Вардар – МКК Куманово 57-74
ДЕНЕСКА
МЗТ Скопје – Тиквеш 12:00
ТФТ – Пелистер 17:00
Чаир – Гостивар 19:00
УТРЕ
Работнички – Кожув 19:00
Шкупи – Феникс 19:30


