По безмалку двегодишна соработка, поранешниот репрезентативец на Македонија, Ивица Димчевски и Кошаркарскиот клуб Феникс официјално се разделија.
Разделбата доаѓа со заеднички компромис и покрај тоа што во септември годинава Димчевски го продолжи договорот на уште три сезони. По пензионирањето на Бојан Трајковски, тој беше најискусен во генерално младата екипа на Феникс и еден од малкуте со репрезентативен стаж на сениорско ниво.
Со неговото заминување, во Феникс сите домашни кошаркари се родени по 2000 година, а голем дел од нив се уште се тинејџери. Феникс во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со биланс од две победи и осум порази.


