По четири порази во низа, екипата на Чаир конечно победи откако денеска славеше во градското дерби со Феникс со 85-82.
И на овој меч чаирчани се соочија со многу проблеми, а до триумфот стигнаа во последните 20-тина секунди. Иако беа во водство во најголемиот дел од натпреварот, на моменти и со 13 поени разлика, се се сведе на неколку напади во финишот од мечот.
На 36 секунди пред крајот Адетукаси израмни на 82-82 со две прецизно изведени слободни фрлања. Во следниот напад Мофит постигна кош и притоа беше фаулиран од Стојковиќ, па со прецизно изведено слободно фрлање го доведе Чаир во водство од три разлика. Адртукаси на три секунди пред крајот имаше шут за тројка за израмнување, но беше непрецизен и Чаир конечно ја прослави осмата победа во сезоната која ја чекаше од 1 декември.
Мофит беше убедливо најдобар играч на натпревар со 32 поена, а се истакна и Кели со дабл дабл од 14 поени и 12 скока. Бертранд со 20 поени го предводеше Феникс за кого Андреј Митревски додаде 18 поени.


