Иако драстично ослабен, актуелниот македонски првак МЗТ Скопје без проблеми како го совладаа Феникс со 85-77 во првиот меч од 21. коло во Првата македонска лига.
Аеродромци константно беа во водство, со исклучок на воведните минути кога домаќинот поведе со 9-. МЗТ Скопје одговори со серија 17-3 за двоцифрена предност, која потоа само умешно ја одржуваа без воопшто да форсираат. Сино-белите пред крајот на првото полувреме отидоа и на +19 (46-27) што донесе мало опуштање и намалување на брзината. Феникс го искористи тоа и се избори за пристоен пораз што, сепак, не му значи многу во овој момент.
Дион Едвин беше убедливо најдобар кај МЗТ со 21 поен и девет скока, додека Андреј Магдевски постигна 16 поени со пет скока и шест асистенции. Британецот Тим Адетукаси и Благој Димитриев со по 15 поени беа најпрецизни во поразениот тим.
МЗТ Скопје уште во минатото коло се забетонира на првото место од каде ќе влезе во плејофот, но Феникс има проблем да се избори за место кое води во разигрувањето. Ако викендов Тиквеш го совлада ТФТ, екипата од Гази Баба ќе падне на деветтата позиција, па во последното коло ќе очекува услуга од МЗТ Скопје со тоа што ќе мора да го победи Шкупи.


