По пауза од шест години, Гевгелија најверојатно повторно ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Непосредно пред крајот на рокот за пријавување (денеска во 12 часот), Кошаркарскиот клуб Кожув е единствен кој испрати апликација до КФМ и ги уплати потребните 50 илјади денари колку што е потребно за да учествува во денешната лицитација. Наддавањето е планирано да почне напладне, а ако нема други заинтересирани, Гевгелија ќе биде назначена за домаќин на Купот.

Последен пат во Гевгелија, Купот на Македонија се одржа во 2019 година и тогаш трофејот го освои тимот на Работнички.


