Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Главчев до крајот на сезоната ќе го носи дресот на МКК Куманово откако се пресели во овој клуб од Кожув.
Тој беше член на гевгелискиот клуб од 2021 година и тоа беше негов трет престој во Кожув каде ја почна кариерата во 2011 година, остана до 2016 и по враќањето од Србија, повторно заигра таму. Во меѓувреме играше и за Блокотехна, Работнички и Академија ФМП.
Главчев беше во протоколот и на вчерашниот натпревар против МЗТ Скопје, но не доби минутажа на мечот на кој шампионот славеше со 83-67.


