На неколку дена пред продолжението од првенството, екипата на Гостивар донесе уште еден Американец како замена за Роудс кој замина во Подгорица.
Нов член на гостиварци е Вил Елис, играч кој ги покрива бековските позиции и кој во вториот дел од сезоната ќе настапува во македонското првенство и Купот. Во земјава доаѓа од Грузија каде настапувал за Мтиели, но само на два меча на кои постигнал вкупно 57 поени.
Елис ќе има тешка задача во Гостивар да го замени Роудс кој беше најдобар играч во екипата во првиот дел од сезоната. Гостиварци се наоѓаат на осмата позиција на табелата во Првата лига со биланс 5/7 и ги очекува тешка битка за опстанок во елитата.


