Неполна недела по завршувањето на есенската полусезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Гостивар се раздели со својот американскиот интернационалец Ксавиер Роудс.
Негов нов клуб е црногорскиот прволигаш Подгорица каде треба да биде замена за Џошуа Скот кој пред неколку дена направи трансфер во АБА-лигашот ФМП. Роудс беше статистички најдобар играч на Гостивар по првите 12 кола со ефект од 15,5 поени, 4,7 скока и 4,2 асистенции и индекс 17,3, највисок во тимот.
Управата на Гостивар веќе ги разгледува опциите за замена на Роудс, а во моментов се двоуми меѓу двајца кошаркари.


