Екипата на Феникс продолжи со фантастичните резултати во 2025 година откако денесла го совлада МКК Куманово со 84-75.
Тоа е петти триумф по ред и седми на последние осум натпревари на Феникс кој од 14 декември загуби само во дуелот со Чаир. По денешната победа, тимот од Гази Баба не само што се оддалечи од местата кои водат во плејаутот, туку и се закани дека може да стигне до топ-6 на табелата.
Феникс се избори за нова победа благодарение на одличната игра во второто полувреме откако по 20 минути игра МКК Куманово водеше со 51-44. Во третиот период домаќинот ја достигна негативата, а во последните 10 минути прими само осум поени и го комплетира големиот пресврт. Со тоа уште еднаш покажа дека оваа екипа има карактер затоа што пред пораз беше и во дуелите со Тиквеш, ТФТ и Работнички, а сепак успеа да слави.
Андреј Митревски со 21 поен беше прв играч во тимот на Феникс, Тимоти и Бернард постигнаа по 19, а Шепард 18. Тадиќ со 17 поени го предводеше МКК Куманово, а Урош Луковиќ оствари дабл дабл со 10 поени и 12 скока. Кумановци со овој пораз си го загрозија третото место на табелата бидејќи Работнички, Кожув и Пелистер имаат шанси да ги стигнат.


