Македонскиот шампион МЗТ Скопје од денеска во своите редови го нема американскиот плејмејкер Брендон Слај.
Тој го напушти клубот од Аеродром само пет месеци откако беше најавен како големо засилување за „штрковите“. Како и Марко Баковиќ, беше еден од носителите на играта во тимот и најдобар стрелец на МЗТ Скопје со просек од 14,8 поени во АБА 2 лигата и 14,2 во домашното првенство.
Неофицијално, Слај ќе ја продолжи кариерата во Грција, но во следните денови се очекуваат повеќе информации на оваа тема.


