Марјан Илиевски вечерва ќе дебитира на селекторската позиција во македонската репрезентација, а на денот на мечот ги одбра финалните 12 кои ќе ѝ се спротивстават на Романија во Куманово.
Последниот филтер не го поминаа Марко Миловановиќ, Марко Луканоски и Никола Василевски кои сепак ќе останат со тимот и ќе го бодрат на вечерашниот меч.
Во консултација со стручниот штаб кој го сочинуваат Борче Даскаловски, Мирко Петрески и Миодраг Тодоровиќ се одлучи против Романија да играат: Андреј Магдевски, кој е и нов капитен на репрезентацијата, потоа Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.


