Денеска од 18 часот Македонија го игра вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Нашиот национален тим гостува во Ирска, во надеж дека ќе го оствари вториот триумф во овој циклус и во одлично расположение ќе ги дочека летните дуели. Во однос на дуелот против Азербејџан пред три дена, Македонија ќе настапи со една измена.
На местото на новиот репрезентативец Омари Мур, во комбинација е другиот натурализиран кошаркар Џејкоб Вајли кој треба да ни даде сила и цврстина под кошевите. Останатите играчи се исти и затоа очекуваме ново квалитетно издание на македонската репрезентација.


