Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски вечерва го одигра својот последен натпревар во НЦАА лигата.
Со својот Колорадо Бафалос, Јакимовски доживеа пораз од првиот носител Хјустон во четвртфиналето од плејофот во дивизијата Биг-12 што значеше и елиминација за оваа екипа. Кугарс славеа со 77-68 и го продолжуваат својот пат во „мартовското лудило“, а имаат и големи амбиции во финишот од НЦАА.
thats 16 points for @andrejjaki23 in the 1st half 🎯
📺 ESPN2 pic.twitter.com/9AIpt81uo5
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) March 13, 2025
Јакимовски се погрижи простувањето од НЦАА да биде со стил. Беше убедливо најефикасен играч на натпреварот со 25 поени што е негов личен рекорд во колеџ лигата на САД. Негово досегашно најдобро остварување беа 22 поена, постигнати во дресот на Вашингтон Стејт, во втората сезона (2021/22).
Покрај тоа, нашиот кошаркар оствари и осум скока и четири украдени топки, за достојно заминување од оваа конкуренција во која мина пет години. Јакимовски беше најдобар играч на Колорадо во плејофот, постигнувајќи вкупно 54 поени на трите меча или по 18 на натпревар што е далеку над неговиот просек во текот на сезоната кој изнесуваше 10 поени.
По завршувањето на оваа етапа од кариерата, Јакимовски треба да донесе важна одлука за својата иднина – дали ќе се пријави на НБА драфтот или ќе се врати во европската кошарка.


