Македонската репрезентација со триумф го затвори квалификацискиот циклус за Европското првенство што ќе се одржи оваа година иако не успеа да обезбеди пласман на него.
Селекторот Александар Јончевски е задоволен од денешниот дуел против Полска, но призна дека жали за претходните натпревари на кои можеби можеше да се извади подобар резултат.
„Ова е важна победа за нас која, за жал, не можеме да ја прославиме бидејќи не се пласиравме на Европското првенство. Успеавме да победиме селекција која ќе игра на Еуробаскетот и која заврши на четвртото место на претходниот шампионат.
Можеме да жалиме за првиот натпревар против Естонија, одигран во Скопје, но задоволен сум од пристапот на кошаркарите од првата до последната минута и среќен сум поради навивачите кои дојдоа во голем број и видоа добар натпревар. Мотивацијата беше најтешкиот момент за денешниот натпревар, особено што имавме огромна желба да ја победиме Естонија, игравме добри 27-28 минути во Талин кои, за жал, не беа доволни за победа. Реалната слика од тој меч не е 20 разлика, имавме отворени шутеви кои не ги победивме. Да го имавме денешниот процент во Естонија, исходот ќе беше многу подобар.
Можеби имавме среќа денеска дека Полјаците го немаа Балчеровски и што во првото полувреме имаа нула офанзивни скокови. Зеќири почна на позицијата 3 и добро го затвори рекетот. На овој меч, ни одговараше Шортс, но можеби центар странец повеќе ќе ни одговараше против Естонија. И Хап и Шортс се одлични момци, одлични кошаркари и среќен сум што ги имаме како натурализирани играчи“, рече Јончевски.


