На почетокот од минатата деценија, Мајами Хит направи исклучително силен состав кој четири години по ред играше во финалето од НБА лигата и освои две титули.
Во тимот од Флорида дојдоа две мега-ѕвезди во тој период, Леброн Џејмс и Крис Бош и му се придружија на Двејн Вејд кој претходно беше таму. Интересно е тоа што сите тројца беа дел од „класата 2003“, односно таа година влегоа во лигата. Поранешниот НБА кошаркар Гилберт Аренас тврди дека планот не бил тројцата да играат во Мајами, туку во Њујорк. Се се сменило поради Амари Стадемаер.
„Тројцата се договорија да играат заедно и тоа во тим во кој, во тој момент не е ниеден од нив. Планираа да одат во Њујорк Никс, но она што подоцна се случи, беше поради тоа што за своите планови не кажаа никому. Така, генералниот менаџер на Никс, Џејмс Долан го продолжи договорот со Стадемаер што на крајот се покажа клучно, планот да пропадне.
Леброн, Вејд и Бош не сакаа да играат со Стадемаер бидејќи имаа намера да бидат единствено трио во НБА. Освен тоа, Стадемаер потпиша петгодишен договор на 100 милиони долари, па Никс имаа пари само за двајца од тројцата играчи. Затоа му се јавија на Мики Арисон, му кажаа за своите планови и го прашаа дали е изводливо да направат како што сакаат. Тој дозволи, па го донесоа Мајк Милер од Вашингтон, а Хаслем прво не сакаше да игра со нив, но на крајот се премисли и потпиша нов договор“, откри Аренас.
Сето тоа се случуваше во 2010 година, во првата сезона Мајами не успеа да ја освои титулата бидејќи загуби во финалето од Далас со 2-4. Следните две години беше шампион за во 2014 повторно да загуби, тогаш од Сан Антонио со 1-4. По таа сезона, Леброн си замина од Мајами и се врати во Кливленд со што заврши најславната ера во историјата на франшизата од Флорида.


