Шпанскиот прволигаш Басконија беше пред спектакуларен пресврт на вечерашниот натпревар против Црвена Звезда на домашен терен, но на крајот сепак загуби со два поена разлика.
Данокот си го зеде лошото прво полувреме кое баскијците го завршија со минус од 14 поени разлика и со само 28 постигнати поени. Во тие први 20 минути Басконија шутна дури 15 тројки, а не погоди ниедна што ретко се гледа на натпревар од Евролигата.
Во второто полувреме сликата беше нешто подобра, домашните кошаркари имаа 6/13 за тројка поради што и дојде до резултатски пресврт, но не и до победа на Басконија. Најлош во ударите за тројка беше Маркус Хауард кој генерално оваа сезона има проблем со шутот од дистанца, а вечерва имаше 2/10.


