Членот на третолигашот Баскет Дино, Петар Ивановски е меѓу 59. жртви кои вчера загинаа во невидената трагедија во дискотека во Кочани.
Ивановски имаше само 20 години, но беше втор највозрасен играч во тимот од Кочани. Целиот свој кошаркарски пат, од пионерските до сениорските денови, го помина во Баскет Дино со кого пред седум години беше прогласен за МВП на завршниот турнир од У14 лигата.
Поради трагедијата што ја зафати градот, Баскет Дино, клуб од Кочани, одлучи да ги откаже сите активности за оваа недела.


