Месец и пол откако ја презеде Кошаркарската федерација на Македонија, новото раководство ќе ја донесе првата „голема“ одлука.
За утре точно напладне е закажана промоцијата на новиот селектор на македонската репрезентација кој на оваа позиција ќе го замени Александар Јончевски. Како што најави КОШ.МК минатата недела, тоа ќе биде Марјан Илиевски со тоа што утре ќе бидат претставени и членовите на неговиот стручен штаб.
Прва задача на новиот селектор ќе бидат претквалификациите за Светското првенство што ќе се одржат од 2 до 20 август. Во групата со Македонија се селекциите на Унгарија и Романија, а пласман во квалификациите обезбедуваат првопласираните две репрезентации.


