Поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув останува непоразен на домашен терен и по деветтото коло од оваа сезона.
Најнова жртва на гевгеличани е Феникс кого Кожув го совлада со 86-73 за вкупно петти триумф сезонава од кои четири пред своите навивачи. Триумфот можеше да биде многу поубедлив бидејќи на шест минути пред крајот домаќините водеа со 25 поени разлика (81-56), но во финишот, тренерот Апостолов ги внесе во игра помладите играчи, па Феникс го искористи тоа за да ја преполови негативата.
Стевановиќ со 22 поена беше најефикасен играч на Кожув, Пилепиќ постигна 19, а колеви 12. Кај Феникс, Митревски и Марфи запишаа по 13 поени.


