По поразот од МКК Куманово, екипата на Кожув ја има најдолгата победничка серија во Првата лига која сега изнесува пет триумфи.
Гевгеличани го совладаа Вардар како гости со 103-77 и се израмни со Пелистер на делба на третата позиција со една победа помалку од водечкиот тандем МЗТ Скопје-ТФТ. Почетокот не навестуваше таков меч бидејќи по четири минути игра Вардар водеше со 12-3.
Кожув одговори со серија од 11-0 која до крајот на првата четвртина изнесуваше 22-2, па по десет минути игра гостите веќе имаа двоцифрена предност од 25-14. Вардар остана сконцентриран, во вториот период се доближи на четири поени негатива (25-29), но Кожув брзо се созеде и на минути пред крајот на полувреме веќе водеше со 19 разлика (50-31). По сето тоа, второто полувреме беше само формалност и можност Кожув да дојде до убедлив триумф.
Вилсон беше најдобар играч на Кожув со 24 поени и 10 асистенции, Пилепиш додаде 18 поени, а успешно деби во новиот тим имаше македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ кој за 14 минути постигна 10 поени и 4 скока. Млденовски се истакна кај Вардар со 14 поени.


