И по пет одиграни кола во новата сезона, екипата на Чаир е без победа откако вечерва на домашен терен загуби од Кожув со 80-84.
Гевгеличани беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, а почнувајќи од финишот на првото полувреме. Со серија од 9-0 отидоа на 39-32 за во последниот период да поведат и со 15 поени разлика (70-55).
На пет минути пред крајот на мечот беше 72-60 за Кожив, но ни тогаш Чаир не се предаде, туку постепено почна да ја намалува негативата. Во последната минута дојде на само два поена разлика (80-82) и шанса дури да се избори за продолжение. Пурвис промаши две слободни фрлања, Чаир тргна во напад, но Четмен ја загуби топката и со тоа отиде последната шанса за домашниот тим.
Пурвис беше најефикасен кај гостите со 18 поени, Дубински додаде 17, а Николас 15. Во домашниот тим најдобар беше капитенот Реџа со 21 поен и 7 скока, а Четмен оствари дабл дабл со 19 поени и 11 скока.


