Екипата на Вардар не успеа да обезбеди пласман на завршиуот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција откако денеска загуби од МЗТ Скопје со 69-77.
Тоа беше и единствениот брејк во оваа фаза од натпреварувањето бидејќи Баскет Кам, Бадел и Крива Паланка ја искористија предноста на домашниот терен и ја продолжуваат битката за трофејот. Вардар беше бранител на пехарот во Купот на Македонија што значи дека тој ќе добие нов сопственик.
Во полуфиналето, шампионот Баскет Кам ќе се сретне со изненадувањето МЗТ Скопје, а во вториот меч Крива Паланка ќе игра против Бадел.


