Едно од пријатните изненадувања во македонското кошаркарско првенство, екипата на Маџари направи неколку корекции и го освежи составот пред продолжението на сезоната.
Зимава од клубот си заминаа двајца, а дојдоа исто толку кошаркари со кои екипата на младиот стручњак Миодраг Тодоровиќ ќе ја продолжи борбата за висок пласман. Покрај Марко Миловановиќ кој замина во Италија, од Маџари си отиде американскиот интернационалец кој очигледно не се снајде најдобри во екипата и на девет натпревари, просечно постигнуваше по 7,7 поени.
Нови играчи на Маџари се Американецот, Тери Армстронг кој доаѓа од Колумбија и довчерашниот кошаркар на МЗТ Скопје, Оливер Двојаковски. Интересно е тоа што Двојаковски ќе дебитира токму против поранешниот клуб, во мечот кој се игра в недела од 16 часот во Маџари.
Пред паузата, прволигашот го донесе и Томи Луис кој настапи во Купот на Македонија и имаше доволно време да се вклопи во тимот.


