Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ е назначен за контролор на големото дерби од АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Партизан.
Натпреварот се игра утре од 19 часот, а назначувањето на Милојевиќ е уште една потврда за неговиот квалитет. Станува збор за еден од најквалитетните Македонци во оваа сфера, околу три децении беше активен судија, со знакот на ФИБА и со голем број учества на големите натпреварувања и меѓународните купови, а последните години ја извршува функцијата Комесар за натпреварување.
Во отуство на македонски клубови, па дури и кошаркари, судиите и контролорите се единствени претставници на Македонија во АБА лигата. Јасно е дека Милојевиќ го очекува многу тешка задача бидејќи дуелите на Црвена Звезда и Партизан во АБА последните години се како вистински војни, како на теренот, така и на трибините што влијае и на работата на судиите.


