Најголемите ѕвезди во македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс ќе бидат во комбинација за утрешниот натпревар против Полска, последен од квлификациите за Европското првенство.
Според најавите, двајцата ќе имаат лимитирана минутажа, но самото нивно присуство во тешките моменти ќе биде од огромно значење за остатокот од тимот. Дуелот со Полска нема резултатска важност бидејќи Македонија ги загуби шансите за континенталниот шампионат, а Полска како домаќин има автоматски обезбеден пласман.
Нашата селекција е една од ретките која успеа да ги задржи евролигашките играчи во ситуација кога последниот меч нема резултатско значење. Најголем дел од останатите репрезентации веќе ги пуштија своите играчи кои имаат обврски во Евролигата, а некаде останаа само дел од нив, пред се оние кои немаат голема минутажа во клубовите.


