Освен што триумфално го почна квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2027 година, женската репрезентација на Македонија денеска оствари победа која се очекуваше долго време.
Тоа е прва победа на македонската селекција во квалификации за Европско или Светско првенство, но и прва на домашен терен на официјален натпревар по пауза од 17 години. Последниот триумф е остварен на 27 август 2008 против Естонија со 67-64, во тогашните претквалификации за Европското првенство, односно Б-дивизија.
Последниот триумф воопшто на македонската женска репрезентација е забележан во февруари 2023 година кога на гости ја совладавме БиХ во квалификациите за Европското првенство што се одржа неколку месеци подоцна.
Освен сите овие работи, денешната победа има огромно значење бидејќи почнува нова ера во македонската репрезентација. Во составот кој денеска играше против Данска има дури седум кошаркарки кои се помлади од 23 години меѓу кои и три тинејџерки и во нив 16-годишната Јана Пислевска. Таа не била ни родена кога женската репрезентација на Македонија последен пат победила на домашен терен на официјален натпревар.


