Извонредното тимско издание на македонската репрезентација против Азербејџан донесе и неколку квалитетни индивидуални претстави на нашите кошаркари.
Меѓу останатите, се издвојува новиот плејмејкер во екипата Омари Мур кој веднаш покажа дека може да биде добар организатор на играта. Против Азербејџан тој оствари девет асистенции со што застана на првото место во оваа статистичка категорија, заедно со бугарскиот репрезентативец Ди Бост. Веднаш зад нив е уште еден македонски репрезентативец – Андреј Магдевски со шест додавања.

Во топ-5 има уште неколку македонски репрезентативци во други статистички категории. Со 25 поени, Јакимовски е четврти на листата на стрелците, тој и Војдан Стојановски се на делба на третото место меѓу скокачите со по 11, а кошаркарот на Тренто го има и третиот најдобар индекс во првото коло – 28.
Јакимовски и Војдан се двајца од тројцата кошаркари со дабл дабл во првото коло од претквалификациите со тоа што Андреј е најдобар во овој сегмент со 25 поени и 11 скока.


