Два дена откако доживеа повреда поради која ќе паузира еден месец, Лука Дончиќ доживеа нов малер.
Неговата куќа во Далас синоќа била обиена, а за среќа, Дончиќ и неговото семејство не биле дома, па нема повредени. Засега не е познато колкава материјална штета е направена, но секако крадците предизвикале траума за словенечкиот кошаркар и најблиските.
Ситуацијата се случи кратко откако НБА издаде предупредување до сите играчи да внимаваат на своите домови поради бранот грабежи во домовите на спортистите ширум САД.


